Во втората квалификациска рунда од Европскиот Куп екипата на Куманово настапи против тимот на Херцогенбуше. На гостувањето во Швајцарија Куманово загуби со 22:29.
Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни. Херцогенбуше со серија од 2-0 успеа да поведе со 3:1 но, Куманово веднаш израмни на 3:3.
Во наредните пет минути се играше израмнето се до 12-тата минута кога Куманово успеа да поведе со минимални 6:5. Домаќините сепак не дозволија да се зголеми предноста и израмнија.
Со серија 3-0 Херцогенбуше поведе со 9:7 на на полувремето замина со +5 (15:10.
Во втората половина. Херцогенбуше успешно ја одржуваа предноста, иако Куманово даваше напори за да ја намали негативата но, не успеа.
Во 45-тата минута домашната екипа ја зголеми предноста на 21:15. До крајот на натпреварот, швајцарскиот тим не дозволи никакво изненадување и само ја одржуваше предноста, па крајниот резултат беше 29:22.
Реваншот ќе се игра утре на истиот терен со почеток од 16 часот.
Ивона Кимовска