Ракометарите на Вардар и Охрид ја оправдаа фаворитската улога и забележаа убедливи победи во натпреварите од 3.коло на Супер лигата.
Вардарци во натпревар од „А“ групата, на домашен терен го победија Тинекс Пролет со 31-20.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стефан Петриќ со 7 голови.
Охрид до втората победа во „Б“ групата, стигна на гостувањето кај Куманово со 35-20.
Стоилевски и Шипинкоски со по 5 постигнати голови беа најдобри стрелци кај победникот.
СУПЕР ЛИГА – 3.КОЛО
А група:
МРК КУМАНОВО – ГРК ОХРИД 20-35
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (недела 12 часот),
СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ (недела 13 часот)
ГРК ТИКВЕШ – СТРУГА (недела 18 ).
Б група:
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 31-20
ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (сабота 18 часот),
ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО (недела 18:30 часот)
МУЛТИ ЕСЕНС – БУТЕЛ (понеделник 18 часот).