По двете убедливи победи со 5:0, Барселона се изнамачи да дојде до нов триумф.
Иако пред своите симпатизери имаше негатива од 0:2 во дуелот со Селта, сепак Барса со неверојатен пресврт во последните 10 минути стигна до победа 3:2.
Гостите од Виго поведоа со голот на Ларсен во 19-минута. Во вториот дел, односно 76-тата, Дувикас беше стрелец за 2:0 за Селта.
Дури тогаш како да се разбудија домашните фудбалери кои за осум минути во завршницава постигнаа три гола.
Со двата гола на Левандовски во 81-та и 86.минута, Барса стигна до израмнување, а Кансело во 89.минута го постигна победничкиот гол за 3:2.
Со тоа Барса ја оствари петата победа во Ла Лига и сега е прва со 16 бодови, колку што има и второ пласираната Џирона.
Каталонците сега мирно ќе го следат утрешното мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал од 21 часот.