Со натпреварите Супер купот „Драган Василов-Цевка“ утре (сабота) стартува новата сезона во мак-баскетот.
Натпреварите во машка и женска конкуренција ќе се играат во СЦ „Кале“ во Скопје, а МКФ реши влезот да биде СЛОБОДЕН.
Како и во изминатите две години, предвидено е да се играат натпревари во женска и во машка конкуренција.
Тоа практично ќе бидат репризи на финалните натпревари од националниот Куп што се играше годинава.
Во првиот натпревар ќе играат дамите. Од 17 часот, ќе се сретнат актуелниот шампион Баскет Кам и освојувачот на Купот МЗТ Скопје Аеродром.
Натпреварот во машка конкуренција, е закажан за 19.30 часот.
Имајќи во предвид дека МЗТ Скопје Аеродром ја освои двојната круна (шампионат и куп) аеродромци за противник ќе го имаат финалистот од куп Феникс.
Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на МРТ 3.