Ракометарките на Куманово отпатуваа за Швајцарија каде утре и задутре ќе го одиграат двомечот со Херцогенбуше во ЕХФ Европскиот куп.
Победникот во Купот на Македонија, беше „принуден“ двата натпревари да ги игра а гостински терен.
„Поради нефункционалност на кумановската сала повторно сме принудени двата натпревари во рамките на Европскиот ЕХФ Куп да ги играме на гостински терен како и изминатите три години.
Упатуваме искрено извинување до нашата верна публика“,
се вели во објавата на ЖРК Куманово на нивната Фејсбук страна.
Првиот натпревар ќе се игра утре од 16 часот, а во истиот термин, ден подоцна (в недела) е и реваншот.
Покрај Куманово, викендов своите први натпревари во истото натпреварување и тоа на домашен терен, ќе ги играат Чаир и Ѓорче Петров.
Чаирчанки утре во салата „Автокоманда“ од 14 часот ќе играат против холандскиот Венло.
Шампионот Ѓорче Петров в недела, во истата сала, ќе игра против црногорскиот тим Тиват во терминот од 18 часот.
Овие два тима реванш дуелите ќе ги играат на гостински терен (30 септември, 19 ч.) и (1 октомври, 19 ч.)