Екипите на Баскет Кам и МЗТ Скопје Аеродром, утре ќе ја отворат новата сезона во мак-баскетот. 

Со натпреварот во Супер купот во женска конкуренција и официјално почнуваат возбудувањата на домашните кошаркарски терени. 

Двете екипи го оваа календарска година веќе се израдуваа на трофеј. Тие играа во финалето на Купот во кое аеродромки стигнаа до првиот трофеј. 

„Во овој момент сме во некоја, да ја наречам, последна фаза од екипирање на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Извесно е дека на овој натпревар ќе играме со нашата младинска екипа, без странски засилувања, што е сериозен хендикеп.

Но тоа е нашата реалност, немаме некои големи очекувања, размислуваме да се претставиме во што е можно подобро издание на дуелот со екипата од Македонска Каменица“,

предводничката на аердоромки вели Лејла Красниќ. 

Баскет Кам кој е актуелен шампион секако ќе сака да се реваншира за поразот во купот, а воедно да го одбрани пехарот во Супер купот во кој триумфираше лани. 

Тимот направи значителни промени, како во играчкиот, така и во оној стручен дел од тим, па Жаклина Стојановска ќе биде новот „шеф“ на стручниот штаб.

„Можам да истакнам дека имаме добар спој на одличен сениорски кадар и талентирани млади играчи, кои полека ги приклучуваме во првиот тим, што посебно ме радува.

Очекувам овој клуб полека, во циклус од две до четири години да бележи значителни резултати и на меѓународна сцена“,

вели Стојановска.

Чија желба ќе се исполни и кој ќе го осои трофејот во Супер купот останува да видиме. 

Натпреварот меѓу Баскет Кам и МЗТ Скопје Аеродром, ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот.

Во машкото финале за трофејот ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс (19.30 часот)

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ЗА СУПЕР КУПОТ НА ЕДНО МЕСТО