Екипите на Работички и Феникс ќе ја преставуваат Македонија во ФИБА Еврокупот во квалификациите. 

Работнички ќе биде домаќин на натпреварите од квалификациската „А“ група, додека Феникс ќе игра во „Е“ групата во Никозија.

Одредени се и термините (саатницата) во кои ќе се играат натпреварите. 

Први ќе започнат кошаркарите на Работнички на 2 октомври. Тие своите средби ќе ги играат во СЦ „Кале“ во Скопје во терминот од 20 часот и 30 минути. 

Феникс ден подоцна ќе ја одигра првата средба во Никозија и тоа од 18 часот, а во истиот термин и ден подоцна ќе следува вториот натпревар. 

Само победниците од групите ќе се пласираат во следната руанда.

Комплетен распоред и саатница на натпреварите на Работнички и Феникс на следниот линк.

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ЗА НАСТАПИТЕ НА МЕКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ МОЖЕТЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ ОВДЕ