Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе игра во „Г“ групата во квалификациите за Европското првенство 2025-та.

На денешната жрепка, Македонија беше извлечена во оваа група, во која за противнички ќе ги има селекциите на Србија, Португалија и Украина.

Во квалификациите ќе учествуваат 36 земји, вклучувајќи ги и четири ко-домаќини на Евробаскетот, Чешка, Германија, Грција и Италија.

Репрезентациите се поделени во девет групи по четири селекции. Во последната се домаќините на шампионатот, па таа група ќе биде од „ревијален“ карактер

На ЕП ќе се квалификуваат победниците останатите осум групи, како и четирите најдобри второпласирани репрезентации.

Квалификациите за ЕП 2025 ќе се играат во три термини. Првите натпреварите се закажани за 9 и 12 ноември 2023 година.

Следниот е наредната година (2024)  од 7 и 10 ноември, а последниот ќе се игра од 6 и 9 февруари 2025 година.

ГРУПИТЕ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2025
ГРУПА А: Шпанија, Летонија, Холандија, Австрија
ГРУПА Б: Унгарија, Словенија, Бугарија, Финска
ГРУПА Ц: Белгија, Полска, Литванија, Азербејџан
ГРУПА Д: Велика Британија, Шведска, Данска, Естонија
ГРУПА Е: Франција, Хрватска, Израел, Ирска
ГРУПА Ф: Турција, Словачка, Романија, Исланд
ГРУПА Г: Србија, Украина, Португалија, Македонија
ГРУПА Х: БиХ, Црна Гора, Швајцарија, Луксембург
———————————————————–
ГРУПА И: Италија, Грција, Чешка, Германија