Екипата на белградски Партизан е победник на третото издание на меморијалниот турнир „Драган Василов – Цевка“.

Партизан во финалниот натпревар го совлада Минор 2015 од Перник со убедливи 81:56, на турнирот за играчи до 14 години.

Во борбата за трето место меѓу екипите на Клуж Напока и Интер Братислава, победи тимот од Словачка со резултат (67:63).

Петтото место му припадна на Тријумф од Ниш, кој беше подобар од скопски Вардар (76:41). Во борбата за 7.место, екипата МЗТ Скопје Аеродром победи со 67:53,) против тимот на Ол Стар од Подгорица.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Иво Валентинов од тимот на Минор 2015 Перник, додека пак МВП наградата, за најдобар играч на турнирот, ја понесе Лука Павловиќ од Партизан.

Од Општината Аеродром потврдија дека овој турнир останува да биде во програмата на општината и како традиционален секоја година ќе се реализира во заедничка организација со КФМ и Олимпискиот комитет.