Шпанскиот Ф1 пилот на Ферари, Карлос Саинц ја освои пол-позицијата на патеката Марина Беј што се вози за ГН на Сингапур.

Ферари досега доминира на оваа патека, беа најбрзи на сите три слободни тренинзи, а тоа го потврдија и на денешните квалификации.

Од првиот ред ќе стартува возачот на Мерцедес, Џорџ Расел кој имаше за 0,072 секунди послабо време од Саинц, а трет во квалицикациите заврши колегата на Саинц од Ферари, Леклерк кој доцнеше само 0,079 секунди.

За Саинц ова е втора пол-позиција сезонава и втора по ред откако беше најбрз и во Монца. За него ова е само 5-та во неговата кариера, а за Ферари четвртта во сезоната.

Саинц го извозе најбрзиот круг со време од 1:30:984 минути.

Тотално разочараа двајцата возачи на Ред Бул, Вертапен и Перез кои утре ќе стартуваат од 11-тото и 13-тото место.

Најдобрата 10-ка ја сочинуваат Норис, Хамилтон, Магнусен, Алонсо. Окон, Хулкенберг и Лоусон.

Трката за ГН на Сингапур на патеката Марина Беј е утре од 15 часот.