Лионел Меси нема да патува со екипата на Интер Мајами на вечерашниот натпревар од МЛС лигата.
Капитенот на тимот од Флорида неодамна го пропушти мечот на Аргентина против Боливија (3:0), па многумина го поставија прашањето дали Меси е добро?
Сепак, постојат сите шанси да не се работи за повреда.
Американските медиуми пишуваат дека тоа е одлука на искусниот тренер Жерар Мартин. Имено тој сака да го одмори својот најдобар играч за искушенијата што ги очекуваат. Интер во краток временски интервал ќе ги има многу натпревари.
По гостувањето во Атланта, Интер во следните 15 дена го очекува пет натпревари по ред, од кои четири во МЛС лигата и еден во купот.