14-ти септември треба да биде длабоко врежан во меморијата на секој Македонец.
Тоа е датата на која Македонија, барем за сега, го направи најголемиот успех во спортската историја
Машката кошаркарска репрезентација ја победи Литванија и обезбеди полуфинале на Европското првенство 2011-та.
Траката на Владо Илиевски, и неговото „Леле луѓе што направивме“ вечно ќе одекнува во македонската спортска историја.
Дополнителни зборови не се потребни, само погледнете го видеото и присетете се, а за помладите, прочепкајте малку по интернет и видете што значи 14-ти септември 2011-та, и деновите потоа.