Одбојкарите на Италија се вторите финалисти на Европскиот шампионат.
Актуелниот првак, до ново финале стигна со победата од 3:0 против Франција во полуфиналето.
Првиот сет Азурите го добија со 25-21, а во вториот беа најубедливи. Бодрени од бројната домашна публика на олимпискиот шампион му дозволија да освои само 17 поени (25-17).
Во третиот сет Италијанците направија голема предност од 7 поени (18-11), која с покажа како решавачка. Триколорите успеаја да се доближат на поен негатива 24-23, но сомнителниот сервис аут на Нгапет, им го донесе победничкиот поен на домаќините (25-23).
Така Италија ќе ја брани титулата европски шампион во дуел со Полска која претходно славеше над Словенија со 3:1.
Финалето што ќе биде и реприза на ланското Мундијалско ќе се игра во сабота од 21 часот.