Домаќинот Италија е последниот патник во полуфиналето на Европското првенство.
Актуелниот светски и европски шампион, пред своите симпатизери во Бари, славеше со 3:2 во сетови против Холандија, во последниот четвртфинален меч.
Големата неизвесност беше најавена во првиот сет кој го добија Холанѓаните со 25-19.
Следуваше пресврт, па следните два им припаднаа на Азурите (25-17 и 25-16).
Портокаловите не се откажаа добивајќи го четвртиот сет со 25-23 се изборија за решавачки. Но, во него немаа сили за комплетно изненадување. Италија го доби петтиот сет со 15-12, а мечот со 3:2.
Така Италија повторно се избори за место во полуфиналето во кое за противник ќе ја има Франција.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Полска и Словенија што е реприза од шампионатот пред две години.
Завршницата на Европското првенство ќе биде во Рим, каде ќе се игра полуфиналето и дуелите за медал.
ПОЛУФИНАЛЕ
14 септември (Рим)
18.00 ПОЛСКА – СЛОВЕНИЈА
21.00 ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
16 септември (Рим)
18.00 за 3.место
21.00 Финале