Репрезентацијата на Полска е третиот патник во полуфиналето на Европскиот шампионат.

Полјаците во четвртфиналниот меч одигран во Бари славеше со 3:1 во сетови над Србија.

Првиот сет им припадна на Србите на разлика со 28-25. Во вториот европскиот вице-првак доминираше и на противникот му препушти само 15 поени (25-15).

Третиот беше најнеизвесниот. Беа потребни вкупно 70 поени за да биде освоен сето. Тој им пропадна на Полјаците со 56-34 иако Србите имаа пет сет топки.

Тоа како да ги депримира српските одбојкари кој во четвртиот сет освоија само 17 поени (25-17).

Така во реприза на полуфиналето од пред две години повторно ќе играат Полска и Словенија.

Кој ќе биде последниот патник во полуфиналето, а со тоа и противник на Франција ќе дознаеме вечерва, по мечот Италија – Холандија.

ПОЛУФИНАЛЕ
14 септември (Рим)
ФРАНЦИЈА – Италија / Холандија
ПОЛСКА – СЛОВЕНИЈА

НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
16 септември (Рим)
За 3.место
Финале