Македонија ја оствари втората победа во квалификациите за ЕУРО 2024-та во Германија.

На гостувањето во Ла Валета, македонските фудбалери беа подобри од домашната Малта со 2:0.

Селекторот Благоја Милевски по завршувањето на натпреварот не го криеше задоволството од постигнатиот резултат. Но, она што е поважно за Милевски, е карактерот и прикажаната игра.

Македонија ја совлада Малта во квалификацискиот натпревар одигран на гостински терен, и дојде до вториот триумф во групата за пласман на ЕП 2024 година.

Благоја Милевски после мечот го истакна своето задоволство од постигнатата победа и од резултатот на гостувањето во Малта.

„Честитки за нашите фудбалери. Можевме да постигнеме уште некој гол. Среќен сум за победата, но поважен ме пристапот на момците.

По исцрпувачкиот натпревар со Италија, на кој момците вложија надчовечки напори, денеска повторно одиграа за тимот.

Иако ја добивме најтешката група и натаму сме активни, се уште сме живи. Ќе видиме што ќе биде по оваа победа над Малта“,

истакна Милевски.

Сепак, селекторот беше и реален. Тој смета дека Македонија има уште многу работа за да биде дел од врвните светските репрезентации.

„И натаму сме далеку да бидеме рамо до рамо со големите репрезентации, но работиме на тоа“, заклучи Милевски.

Следува пауза од месец дена, а потоа на 14-ти октомври, дуелот против Украина на гостински терен.