Македонската фудбалска репрезентација е во Малта каде утре ќе одигра нов натпревар во квалификациите за Еуро 2024.
За да го валоризираат добриот резултат од дуелот со Италија, Македонија ќе мора да слави против Малта.
Но, домаќинот не смее да се потцени, смета дефанзивецот Зајков.
„Малта не е наивен противник. Треба да одиграме одговорно и фокусирано. Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери. Ни треба вистински пристап и максимален ангажман од сите во тимот”, вели Ѓоко Зајков.