Еурофарм Пелистер во среда ќе го игра првиот натпревар во ЕХФ Лигата на шампионите. Во Битола гостува норвешкиот првак Колштад.
Откако го загубија трофејот во Супер купот на Македонија, тренерот Александар Јовиќ истакна дека мора да се коригираат многу работи во играта доколку сакаат да бидат конкурентни.
Сепак искусниот централен бек Домен Тајник смета дека Пелистер на престојниот меч ќе биде на нивото и ќе победи.
„Го загубивме Суперкупот, но верувам дека ќе биде подобро. Екипата е нова и ни треба воигрување. Се надевам дека на тренинзите ќе ги поправиме грешките.
Верувам дека против Колштад ќе бидеме на ниво и ќе победиме. Лигата на шампионите е сон на секој ракометар.
Еурофарм Пелистер е добра екипа која може да игра против секој противник и се надевам дека ќе дадеме сè од себе. Дома, пред полна сала, можеме да изненадиме секого“,
Домен Тајник.
Натпреварот Еурофарм Пелистер – Колштад ќе се игра во среда во Битола од 18.45 часот.