Коко Гауф е победничка на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен. Таа во финалето по голема борба во три сета беше подобра од Арина Сабаленка.

Веднаш на стартот на мечот Сабаленка стигна до брејк и водство од 2:0, но Американката одговори на ист начин. Во продолжението новата број 1 на ВТА листата, Сабаленка не и препушти ниту еден гем до крајот на сетот што го доби со 6:2.

На стартот од вториот сет Белорусинката имаше две врзани брејк топки, но без успех. Во четвртиот гем Гоф ја искористи единствената брејк шанса во вториот сет и и го одзеде сервисот на противничката. Таа ја задржа предноста до крајот на сетот кој го доби со 6:3.

Американската тинејџерка решавачкиот сет го почна фуриозно, со два брејка и водство од 4:0. Во тој момент Сабаленка повика медицински тајм-аут.

Иако за момент и се врати во игра тоа беше кратко. Освои Белорусинката само два гема, а Гоф сетот со 6:2 и мечот со 2-1.

Ова беше второ финале на Американката во сингл Грен слем турнирите. Првото го загуби минатата година на Ролан Гарос од Ига Свијатек.

Воедно ова е прва американска титула во Њу Јорк откако Слоун Стивенс ја освои во 2017 година.