Во Манила денеска ќе се одиграат последните два натпревари на Светското кошаркарско првенство во машка конкуренција.
Светот ќе го добие новиот шампион, откако Шпанија рано беше елиминирана уште во групната фаза.
За тронот, во големото финале, ќе се борат кошаркарите на Србија и Германија.
Германците се единствената не поразена селекција во досегашниот тек на првенството. Денис Шредер и дружината покажаа дека се и тоа како конкурентни за златниот медал.
На патот до финалето меѓу останатите ги минаа и фаворизираните Американци во полуфиналната рунда.
Србите пак го имаат Богдан Богдановиќ како предводник. Играчот на Атланта ја презема таа улога во отсуство на Јокиќ и досега одлично му оди тоа од рака.
Поразот од Италија во третиот натпревар беше добредојден, па оттогаш се до финалето Срните играат фантастично.
За Србите ова е второ финале, по дебаклот од Американците на Мундијалот во Шпанија каде загубија со рекордно 92-129. Германците пак за прв пат во историјата играат во завршниот натпревар.
Која од овие две селекции ќе се избори за првиот свој трофеј Светски шампион ќе дознаеме по натпреварот закажан за 14.40 часот.
Во утешниот натпревар за бронзен медал играат Американците и Канаѓаните.