На Светското кошаркарско првенство денеска на програмата се полуфиналните натпревари, по кои ќе дознаеме кои селекции ќе се борат за шампионскиот пехар.

Желби за него четири, но само две репрезентации ќе имаат можност во недела да играат во големото финале.

Полуфиналната борба во претпладневниот термин ќе ја почнат Србија и Канада, додека во попладневниот ќе играат САД и Германија.

Во оваа четворка, Германците се единствената селекција која нема пораз на Мундијалот.

ПОЛУФИНАЛНИ НАТПРЕВАР
(петок – 8 септември)
10.45 СРБИЈА – КАНАДА
14.40 САД – ГЕРМАНИЈА

НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ
(недела – 10 септември)
10.45 за 3-то место
14.40 Финале