македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во подготвителниот период за новата сезона.
Аеродромци кои пред четири дена загубија од Арис, денеска се совладани од екипата на Пеја.
На натпреварот одигран поплодно во „Јане Сандански“ МЗТ загуби со 15 разлика 94-109.
Освен првиот период, избраниците на Васко Атанасов ги загуби останатите три (25-24, 23-24, 27-38, 19-23).
Иако на полувремето се замина со израмнет резултат (48-48), во второто гостите од Косово беа подобар противник.
Новајлијата, Баковиќ со 17 поени (5 тројки), беше најефикасниот играча на аеродромци, за кои Расел постигна еден помалку (16), а по 11 реализираа Танасковиќ и Андоноски.
Според однапред најавеното следуваат два натпревари против Гостивар на домашен терен, првиот во четврток (14 септември).