Репрезентациите на Франција и Романија се првите четвртфиналисти на Европското првенство.

Во воведните осминафинални дуели одиграни во Варна, овие две селекции беа подобри од ко-домаќинот Бугарија и селекцијата на Хрватска.

Првиот меч донесе големи возбудувања и неизвесност. Романците ги добија првите два сета против Хрватите со 25-17 у 25-20. Наредните два им припаднаа на „коцкестите“ со 25-17 и 28-26. Но, немаа сили Хрватите за комплетен пресврт, па Романија го доби решавачкиот сет со 15-12, а мечот со 3:2.

Французите лесно и убедливо ја победија домашната селекција на Бугарија со 3:0 (25-21, 25-21 и 25-15).

Токму овие две селекции го формираа и првиот пар за четвртфиналето. Тие ќе играат на 11 септември, повторно во Варна.

Утре на програмата на Европскиот шампионат се четири меча, меѓунив и дуелот Македонија – Италија.

ОСМИНАФИНАЛЕ
Петок
ХРВАТСКА – РОМАНИЈА 2-3
ФРАНЦИЈА – БУГАРИЈА 3-0
Сабота
16:30 СЛОВЕНИЈА – ТУРЦИЈА
18:00 ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
19:30 ПОРТУГАЛИЈА – УКРАИНА
21:00 ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА
Недела
18:00 СРБИЈА – ЧЕШКА
21:00 ПОЛСКА – БЕЛГИЈА