Македонската одбојкарска репрезентација утринава отпатува за Бари, каде ќе го продолжи настапот на Европскиот шампионат.
Македонија завршија како 4-то пласирани во „скопската – Ц група“, па во осминафиналето ќе играат против Италија.
Дуелот против актуелниот светски и европски шампион, водени и домаќин на завршницата Италија, ќе се игра во сабота од 18 часот.
Тоа ќе биде првата македонско-италијанска пресметка тој ден, бидејќи вечерта во Скопје ќе се сретнат фудбалските селекции (20.45 часот).
ОСМИНАФИНАЛЕ
Петок
16:30 ХРВАТСКА – РОМАНИЈА
19:30 ФРАНЦИЈА – БУГАРИЈА
Сабота
16:30 СЛОВЕНИЈА – ТУРЦИЈА
18:00 ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
19:30 ПОРТУГАЛИЈА – УКРАИНА
21:00 ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА
Недела
18:00 СРБИЈА – ЧЕШКА
21:00 ПОЛСКА – БЕЛГИЈА