Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.
Таа денеска загуби од 5.та носителка Украинката, Катерина Лазаренко.
Но, поразот имаше чудни случувања и не коректен потег на противничката во вториот сет.
Во осмиот гем од вториот сет кога Стоилковска беше во налет, Украинката се пожалила на повреда.
До доаѓањето на доктор и укажаната помош минале безмалку 15 минути што било доволно Лазаренко да се врати во ритам.
Тоа се случи при резултат од 4:3 во гемови за Лазаренко која го добива тој гем и ја зачува предноста. Сетот заврши 6:4 за Украинката.
Инаку, овој сет почна со водство на Лазаренко од 3:0 и 4:1, но Стоилковска успеа да намали на 4:3 и беше на чекор до изедначување.
Првиот беше решен во тај брејк, откако беше нерешено 2:2, па следуваа првите одземени гемови.
Лазаренко поведе со 3:2, а Стоилковска изедначи на 3:3, за потоа Украинката да поведе со 5:3, на што следуваше серија од три гема на македонската тенисерка за водство од 6:5.
Сепак Лазаренко се избори за тај брејк, кој го доби со 7:3 на поени откако имаше серија од шест поени за водство од 6:2.
Мечот траеше два часа и 7 минути, а Стоилковска за пласманот во второто коло ќе освои еден поен.
Следен настап македонската тенисерка ќе има на фјучрсот во Скопје што почнува во понеделник.