Репрезентацијата на Холандија славеше над Данска со 3:1 во меч од 4.коло на „скопската – Ц“ на Европскиот шампионат.
Холанѓаните го загубија само третиот сет 25-23, а останатите три ги решија во своја полза (25-18, 26-24 и 25-20).
Со овој пораз Данците и официјално ги загубија теоретските шанси за едно од четирите места што водат во разигрувањето.
Тоа секако и оди во прилог на репрезентацијата на Македонија, кој сега има конкурент помалку за место во осминафиналето.
Пласманот во Бари, на македонските одбојкари може да биде заверен уште вечерва, иако тие денеска не играат.
Имено доколку во вториот натпревар Чешка слави победа над Црна Гора и официјално Македонија ќе биде осминафиналист.
Нашите одбојкари утре од 17 часот ќе играат против Холандија, а во среда во вечерниот терми од 20 часот противник ќе биде Чешка.
ТАБЕЛА – Ц ГРУПА
1. Полска 9 бодови (9-1 сетови),
2. Холандија 9 (10-3),
3. Македонија 6 (6-4),
4. Чешка 3 (3-7),
5. Црна Гора 3 (3-7),
6. Данска 0 (3-12),
* Четирите прво рангирани селекции обезбедуваат пласман во осминафиналето.