Фудбалерите на Барселона ја победија Осасуна на гости со 2:1 во 4-тото коло од шпанската Ла Лига.
Шампионот се мачи на стартот на сезоната, но победува, го држи чекорот со најголемиот ривал и чека две големи засилувања Жоао Феликс и Жоао Кансело да се вклучат и да ја подобрат својата игра.
И двајцата добија шанси во текот на второто полувреме вечерва, но нивното влијание допрва треба да се почувствува.
Триумф на тешкиот терен во Памплона, Каталонците го обезбедија во самиот финиш со голот на Роберт Левандовски од пенал.
На овој начин стигнаа до десеттиот бод на своето конто и имаат два помалку од сто отсто Реал Мадрид.
Барселона повед дури во првата минута од судиското надополнување. Гундоган изведе корнер од десната страна, а најдобар во скокот беше Жил Кунде.
Во вториот дел. Осасуна израмни во 76.минута со прекрасниот гол на Авила.
Драмата дојде во самата завршница односно 84.минута, кога беше досуден пенал за Барселона, кој го реализира Левандовски за победа од 2:1 на Барса.
На овој начин Барселона стигнаа до десеттиот бод колку што има и Џирона, а два помалку од водечкиот Реал Мадрид. Осасуна остана на шест бода.