Александер Зверев и Данил Медведев се последните двајца тенисери кои се пласира во осминафиналето на УС опен.
Третиот носител во Њу Јорк, Медведев го совлада Аргентинецот, Себастијан Баез со 3:0. Во мечот што траеше 2 часа и 34 минути, првите два сета Медведев ги доби со идентични 6-2, а третиот во тај-брејк со 8-6 на поени
Русинот во осминафиналето ќе игра против Австралиецот, Алекс де Минаур (13)
Германецот, Зверев (12-носител) беше подобар со 3:1 од Бугаринот, Григор Димитров. Првите два сета беа решени во та-брејкот. Поведе Димитров, а Зверев го израмни резултатот (7-2 и 8-10 на поени). Сепак, во следните два Германецот беше убедлив и у препушти само по еден гем на противникот (6-1 и 6-1)
Тој за место во четвртфиналето ќе се бори со Италијанецот, Јаник Синер (6).