Викендов во Ф1 се вози 14-тата трка од шампионатот, а на ред дојде и славната Монца за ГН на Италија.
Вчера се возеа две официјални тренинг сесии каде возачите на Ферари и Ред Бул, Карлос Саинц и Макс Верстапен беа најбрзи.
На првиот тренинг Макс Верстапен беше најбрз и постигна време од 1:22.657 минути, 0.046 секунди побрзо од Карлос Саинц од Ферари.
Серхио Перез беше трет, а Шарл Леклер од Ферари беше четврти.
На вториот тренинг пак нешто подоцна, Саинц постигна најбрзо време од 1:21.355 минути. Втор со 0.019 секунди послабо време беше Ландо Норис од Мекларен
Возачот на Ред Бул Серхио Перез беше трет, а Оскар Пјастри од Мекларен четврти.
Верстапен од Ред Бул го освои петтото место, Шарл Леклер од Ферари беше шести, Александар Албон од Вилијамс беше седми, а Фернандо Алонсо од Астон Мартин беше осми.
Верстапен во Монца се обидува да оствари 10-та последователна победа и да постави рекорд во Формула 1.
Минатата недела во Холандија го израмни рекордот на Себастијан Фетел. Тој во 2013 година забележа девет победи додека возеше за Ред Бул.
Возачите на Ред Бул победија на сите 13 трки оваа сезона, Верстапен на 11 и Перез на две.
Квалификациите се закажани од 16 часот, а трката за ГН на Италија на патеката Монца се вози утре од 15:00 часот.