Репрезентациите на Србија и Турција ќе се борат за трофејот на женското Европско одбојкарско првенство.

Ова е епилогот по одиграните полуфинални натпревари во Брисел.

Во првиот. Турчинките славеа победа над бранителот на шампионскиот трофеј Италија со 3-2 во сетови.

Иако во два наврати Турција имаше негатива, откако Италијанките ги добија првиот и третиот сет (18:25 и 15:25), сепак Турчинките не се предадоа.

25:23 и 25:22 ги добија второто и четвртиот сет и се изборија за решавачки. А, во него го „демолираа“ сеуште актуелниот шампион со 15:6.

Србинките до своето четврто последователно финале стигнаа со победата над Холандија со 3-1.

Освен во вториот сет кој го одиграа лоши (15:25) останатите три Србинките беа фантастичен ни и го добија со (25:21, 25:22 и 25:21).

Така во недела во дуелите за медал ќе играат Италија и Холандија за бронзата, а за златото Србија и Турција.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ (недела во Брисел)
16.30 за 3 место ИТАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА
20.00 Финале СРБИЈА – ТУРЦИЈА
Четврто финале за Србинките во низа