Одбојкарска Македонија вечерва ќе се обиде со победа над Црна Гора да обезбеди виза за нокаут фазата или 1/8 финалето во Бари, Италија.
Со нова победа, Македонија ќе стигна до вториот триумф на ЕП 2023 и во групата Ц кој се игра во Скопје.
Одбојкарите го почнаа првенството, со триумф против Данска од 3-1 по што се зголеми оптимизмот и очекувањата кај навивачите.
Иако селекторот Јошко Миленковски се обиде да ги смири страстите пред важниот натпревар кој се игра вечерва од 20 часот.
Миленковски кажа дека сме оптимисти пред мечот со Црна Гора…
„Следува мечот со Црна Гора. Не знаеме кој е потежок, можеби Црна Гора како противник е полесен, но како натпревар е потежок затоа што сега токму тој меч ќе биде одлучувачкиот за нашиот пласман во следниот круг.
Ќе играме со репрезентација барем оние кои ќе бидат на терен со искусни одбојкари, интернационалци сите играат во странство ниту еден не игра во домашното првенство.
Сигурно дека ќе играат растеретено, поседуваат квалитет, но останува на нас тој натпревар да го одиграме со ладни глави, да бидеме стрпливи во секој момент, да ги отстраниме грешките кои ги покажавме во мечот со Данска.
Оптимисти сме, се подготвуваме добро, имавме два дена одмор и се надевам дека свежи, опоравени и одморени ќе покажеме борба, мотивација и верба во сопствениот квалитет кој ќе не води до еден конечен добар резултат“,
изјави селекторот Јошко Миленковски.
Се надеваме и ние дека повторно со полна арена ќе им дадеме огромна поддршка од трибините на нашите одбојкари.
Според информациите СЦ „Борис Трајковски“ е речиси распродаден.
Натпреварот Македонија и Црна Гора е закажан од 20 часот, со пренос на националниот сервис МРТ.