Возачот на Ферари, Карлос Саинц ја освои пол-позицијата на легендарната Монца за ГН на Италија во возбудливите квалификации.
За домашниот возач на Ферари ова е прва пол-позиција сезонава. За него е само 4-та во неговата кариера, а за Ферари трета во сезоната.
Саинц го извозе најбрзиот круг во последните секунди од квалификациите и со време од 1:20:294 утре ќе стартува од првата стартна позиција во Монца.
Веднаш до него ќе биде Макс Верстапен од Ред Бул кој задоцни само 0.013 секунди зад возачот на Ферари.
Трето најдобро време постигна уште еден возач на Ферари, Леклерк кој имаше за 0.067 секунди послабо време за голема радост на тифозите.
Најдобрата 10-ка ја сочинуваат Расел, Перез, Албон, Пиастри, Хамилтон, Норис, Алонсо.
Трката за ГН на Италија на патеката Монца е утре од 15 часот.