Второ рангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден епски меч.

Во третата рунда на УС Опен Ѓоковиќ по негатива од 0-2 во сетови успеа да се врати и да го добие мечот со 3-2.

Неговиот сонародник Ласло Ѓере беше на пат да направи сензација, но Новак ретко го дозволува. Ѓере поведе со 2-0 (4:6, 4:6), но потоа на сцена стапи Ѓоковиќ.

Тоа како да го разлути па на противникот во наредните три сета му препушти само пет гема (6:1, 6:1 и 6:3).

Така вториот носител во Њу Јорк се пласираше во осминафиналето каде за противник ќе го има Хрватот, Борна Гојо.

Со оваа победа Ѓоковиќ си го обезбеди и враќањето на 1 место на АТП листата што ќе биде објавена по завршувањето на УС Опен.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Гојо е закажан за утре од 17 часот.

Попладнево (18 ч.) на терените на „Фелшинг Медоус“ ќе настапи првиот носител Шпанецот, Карлос Алкараз кој за противник го има Британецот, Даниел Еванс.