Познати се половина од репрезентациите кои ќе играат во четврт-финалето на Светското првенство.

Тоа се: САД, Словенија, Германија и Литванија кои забележаа победи во денешните натпреваро од новоформираните одмина-финални групи.

Ова откако попладнево Американците победија Црна Гора во натпревар од „Ј“ групата, во која Литванците ја надиграа Грција.

Од групата „К“ групата, на ист начин место меѓу осумте најдобри обезбедија Словенија со победата над Австралија и Германија која ја декласира Грузија.

Неизвесно ќе биде во другите две групи, во кои сите осум селекции имаат шанса за четврт-финале.

Сметките таму ги поматија, Летонија со победата над актуелниот шампион Шпанија, како и Италија која беше подобра од Србија во групата „И“, односно Бразил и Порторико кои ги совладаа Канада и Доминикана во „Л“ групата.

Така сите осум селекции сега имаат по седум бодови.

Кои од овие репрезентации ќе играат во четвртфиналето ќе дознаеме во недела, по утрешниот ден за одмор.

ОСМИНАФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ 1.КОЛО
ДОМИНИКАНА – ПОРТОРИКО 102-97
СЛОВЕНИЈА – АВСТРАЛИЈА 91-80
ЛИТВАНИЈА – ГРЦИЈА 92-67
ИТАЛИЈА – СРБИЈА 78-76
ГЕРМАНИЈА – ГРУЗИЈА 100-73
САД – ЦРНА ГОРА 85-73
ЛЕТОНИЈА – ШПАНИЈА 74-69
КАНАДА – БРАЗИЛ 65-69


ТАБЕЛИ:
И група:
Србија 7, Доминикана 7, Италија 7, Порторико 7.
Ј група: *
САД 8, *Литванија 8, Црна Гора 7, Грција 6.
К група: *Словенија 8, *Германија 8, Австралија 6.Грузија 6.
Л група: Канада 7, Летонија 7, Шпанија 7, Бразил 7.
* пласман во четврт-финале