На женското Европско одбојкарско првенство комплетирани се двојките за полуфиналната рунда.

Турција и Србија им се приклучија на селекциите на Италија и Холандија во дуелите за медал.

Ова откако Турчинките во четвртфиналето со убедливи 3-0 ја победија Полска, додека Србинките им препуштија еден сет на одбојкарите од Чешка, совладувајќи ги со 3-1.

Така утре од 17 часот, во првиот полуфинален меч ќе играат Италија и Турција, а во вечерниот термин од 20.30 часот, за место во финалето ќе се борат Србија и Холандија

Дуелите за медал ќе се играат во недела, а домаќин на завршницата е Брисел.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) 
ПОЛУФИНАЛЕ (1 септември во Брисел)
17.00 ИТАЛИЈА – ТУРЦИЈА
20.30 ХОЛАНДИЈА– СРБИЈА

НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ (3 септември во Брисел)
17.00 за 3 место
19.30 Финале