Светскиот рекет број 2, Новак Ѓоковиќ лесно ја мина првата рунда на последниот Гредн слем годинава, УС Опен.
Србинот, кому лани не му беше дозволено да настапи во Њу Јорк (Ковид протоколи), сега важи за еден од главните фаворити за трофејот на „Флешинг Медоу“.
Ѓоковиќ во првата рунда одигра 1 час и 34 минути, против 84-то рангираниот на АТП листата, Александер Милер од Франција.
Новак го доби мечот во 3:0 сета, препуштајќи му на противникот само пет гема (6-0, 6-2 и 6-3).
Противник на Ѓоковиќ во следната рунда е Шпанецот, Бернабе Запата Миралес 76-ти на АТП листата.
Пласман во 2.коло од фаворитите обезбеди и Стефанос Циципас. Грчкиот тенисер кој е 7-ми носител во три сета со 6-2, 6-3 и 6-4 го победи Канаѓанецот, Милош Раониќ.