Актуелниот светски и европски првак Италија со убедлива победа ја започна одбраната на европската куна.
На отворањето на 33-тото европско првенство, Италијанците пред својата публика во Болоња, ја совладаа Белгија убедливо со 3-0.
За супериорноста на Азурите говорат и освоените поени на противникот во трите сета (17, 18 и 15).
Ова беше натпревар од групата А, во која се и селекциите на Србија, Германија, Естонија и Швајцарија.
Утре стартуваат натпреварите во групите Б и Д чии домаќини се Варна и Тел Авив.
„Б“ група: Бугарија, Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија.
„Д“ група: Израел, Романија, Франција, Турција, Португалија и Грција
Она што пак ние го очекуваме со нетрпение ќе се случи во среда (30 септември).
Тоа е стартот на натпреварите во „Ц“ група чиј домаќин ќе биде Скопје, односно СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се играта мечевите.
Македонија со дуелот против Данска од 20 часот ќе го започне својот трет настап на Европските првенства.
Противници на напите одбојкари во оваа група редоследно ќе бидат и: Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.