Интер Мајами го совладаа Њујорк Ред Бул со 2:0 на гости, а Лионел Меси го постигна својот прв гол во МЛС лигата.

Досега, Аргентинецот беше фантастичен во Лига купот, а сега ја започна својата доминација и во лигата.

Овој дуел го започна од клупата, а без него на теренот Интер успеа да поведе, стрелец беше Диего Гомез.

Меси влезе во игра во 60.минута и успеа да постигне гол во самиот финиш на натпреварот.

По двојното проигрување со Бенјамин Кремаши, Меси се запиша во листата на стрелци.