Репрезентацијата на Франција е првата од фаворитите за највисок пласман на Светското првенство која по два натпревари се збогува со разигрувањето. 

„Триколорите“ иако 39,5.минути имаа предност во дуелот со Летонија, сепак на крајот загубија со 86-88. Со вториот пораз Французите и теоретски не можат да обезбедат пласман во осминафиналето.

Во него од оваа група ќе играат Летонија и Австралија кои ќе се борат за првото место. 

Место меѓу 16-те нема да има ниту за Финска, која сензационално загуби од Јапонија. Иако Финците во третата четвртина водеа и со 18 разлика, на крајот беа поразени до 10 (88-98).