Еурофарм Пелистер е победник на второто издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што се одржа во Охрид.
Македонскиот шампион во финалето убедливо го надигра грчкиот Олимпијакос против кој славеше со 30-27.
Третото место му припадна на словачкиот Татран Прешов кој по подоброто изведување седмерци беше подобар од домаќинот Охрид 33-32 (30-30).
Во натпреварот за 5.место, српската Металопластика го победи турскиот Бешикташ со 32:29.
Во македонската пресметка за седмата позиција Голден Арт го доби скопскиот ривал Бутел со 21:18.
Успешен организатор на турнирот беше ГРК Охрид, од каде најавуваат дека овој турнир ќе прерасне во традиционален и еден од најпрестижните.