Уште на првиот дек на Светското првенство во кошарка, ќе биде поставен рекорд на  Мундобаскетот.

Во Манила, ко-организаторите Филипини ќе играат против Доминиканската Република. На овој натпревар се очекуваат меѓу 50.000 и 55.000 навивачи во на Филипинската арена.

За да биде соборен рекордот, претседателот на државата, Фердинанд Маркос, ја прекина работата во училишта и јавни институции. Целта е јасна, са се обезбеди пристигнување на што е можно повеќе луѓе во салата.

Претседателската администрација објави дека одлуката за прекин на работата во училиштата и јавните институции официјално стапи на сила.

Актуелниот рекорд е поставен во 1994 година на првенството во Канада, кога натпреварот помеѓу САД и Русија го следеле 21.616 навивачи.

Натпреварот меѓу Филипините и Доминиканската Република предводен од Карл Ентони Таунс се игра во 20 часот по локално време, односно 14 часот по српско време.