Младиот англиски фудбалер Џад Белингам станува новиот миленик на навивачите на Реал Мадрид.

Со својот гол во завршницата Белингам му донесе победа на Реал на гостувањето во Виго кај Селта со 1-0. 

Не почна добро за Мадрид. Винициус мораше да го заврши натпреварот во 18.минута поради повреда. 

Вториот дел, Анчелоти, реши во игра да ги уфрли „ветераните“ Крос и Модриќ, што подоцна се покажа како вистински потег.

Вицешампионот можеше да поведе во 69.минута, но ударот на Родриго од белата точка го одбрани Виљар.

Се чинеше дека избраниците на Селта ќе го издржат притисокот на Реал, но детаљот кој го прекина натпреварот се случи во 81. минута.

По асистенцијата на Крос, младиот Џуд Белингем, го реши прашањето за победникот.

Англискиот репрезентативец го постигна четвртиот гол од почетокот на сезоната, со што само потврди дека ќе биде повеќе од одлична замена за Бензема, кој замина во Саудиска Арабија.