Младинскиот македонски репрезентативец Никола Василевски, ќе го има првото меѓународно искуство во клупската кариерата.
20-годишниот Василевски следната сезона ќе настапува за екипата на Промо од Доњи Вакуф во Босна и Херцеговина.
Никола кој ги мина сите младински селекции на Македонија, заминува на едногодишна позајмица, од редовите на МЗТ Скопје Аеродром.
„Првпат еден македонски кошаркар ќе игра во дресот на Промо. Станува збор за младиотВасилевски, кој ги мина сите младински селекции на Македонија, а доаѓа на позајмица од МЗТ. Никола игра на позицијата плејмејкер и се надеваме дека неговиот престој во Доњи Вакуф ќе биде добра отскочна штица во градењето на успешна кариера како што му предвидуваат експертите“, објавија од тимот на Промо.
Минатата сезона Василевски исто така како позајмен играч од МЗТ, настапуваше за екипата на Академија ФМП.