Попладнево беа одиграни четири натпревари од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига. 

Дерби дуелот се играше на стадионот „Борис Трајковски“, каде Вадар и Силекс одиграа 2-2.

Вардар два пати водеше, имаше и играч повеќе, но Силекс остана не поразен.

Вардарци први дојдоа во водство. Откако Јамалари направи прекршок за пенал и црвен картон, а водство на црвено-црните им донесе Мицевски во 400тата минута. Тоа беше и резултат по првиот дел. 

Во вториот. По само седум минути игра (52), Дарко Ангелеси со прекрасен гол го израмни резултатот.

Но, радоста на кратовци траеше кратко. Во 60-тата минута, кардиналната грешка на гостинската одбрана ја казни младиот Давид Велковски за водство на Вардар со 2-1.

Вардарци премногу рано почнаа да ја слават победата, а кратовци не се откажуваат. Тоа вроди со плод за гостите, кога во 84-тата минута по корнерот од десната страна Николиќ ги постави кончените 2-2.

На останатите натпревари. 

До првите бодови стигна и новиот прволигаш Гостивар кој го совлада Работнички. Екипата на Шкендија ја оствари и третата победа во исто толку одиграни натпревари, а единствено немаше гол на дуелот Македонија ЃП – Шкупи.

Утре ќе се игра натпреварот Брера Струмица и Тиквеш. Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Воска Спорт и Струга ТЛ е закажан за 27 септември, поради настап на стружани во Конференциската лига.

ФУДБАЛ – ПМФЛ – 4.КОЛО
денеска
ВАРДАР – СИЛЕКС 2-2
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 2-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 2-0

утре од 16.30 часот
БРЕРА СТРУМИЦА – ТИКВЕШ

27 септември
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ