Возачот на Дукати, Франческо Бањаја по освојување на пол позицијата, доминираше и на спринт трката за ГН на Австрија на патеката Ред Бул Ринг.
Доминацијата ја продолжи и на оваа трка, а во возбудливиот спринт, Бањаја заврши пред Брад Биндер од КТМ и Хорхе Мартин од Прамак Дукати.
Сепак на крајот тој ги освои 12-те бода наменети за победникот на овој спринт. Победи и тоа убедливо со две секунди предност во однос на Биндер, а Мартин каснеше дури пет секунди.
Четвртти беше Алекс Маркез, па следуваа Џек Милер, Пол Еспаргаро, Алеиш Еспаргаро, Вињалес, Морбидели и Марк Маркез кој ја комплетираше најдобрата десетка.
Фабио Квартаро се пласираше дури на 15-тата позиција.
Па така со новите бодови Бањаја ја зголеми предноста пред Мартин на 46 бода. Италијанецот има 226, наспроти 180-те на Мартин.
Трет во пламанот кај возачите е Бецеки кој не освои бодови на спринт трката поради пад.
Трката за ГН на Австрија на патеката Ред Бул Ринг се вози денеска од 14.часот