Во првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни пет натпревари од 3-тото коло.
Новите прволигаши Вардар и Гостивар ги претрпеа и третите порази. Двата тима загубија на гостувањата во Охрид и Штип.
Во дуелот на двата тима кои лани водеа жестока битка за влез во Првата лига, екипата на Воска Спорт го победи Вардар со 3:2. Судбината на Вардар ја реши Јашароски кој беше стрелец на трите гола (27, 32, 48-минута) за победничката екипа. Двата гола на црвено-црните дојдоа доцна во 84-тата и третата минута од судиското дополнение (90+3).
Брегалница рутинирано стигна до трите бодови со победата од 2:1 над Гостивар.
Предноста на домашниот терен ја искористи и Работнички кој минимално славеше против Македонија Ѓорче Петров со 1:0.
Мирољубиво и без победник заврши дуелот во Чаир каде Шкупи и силекс одиграа 1:1.
Единствената победа на гостите им ја донесе тетовска Шкендија која во Кавадарци го победи Тиквеш со 2:1.
Колото ќе биде заокружено утре со дуелот меѓу Струга Трим Лум и Брера Струмица.
ПМФЛ – 3.коло
недела
Брегалница – Гостивар 2:1
Работнички – Македонија ЃП 1:0
Шкупи – Силекс 1:1
Тиквеш – Шкендија 1:2
Воска Спорт – Вардар 3:2
понеделник
Струга ТЛ – АК Брера Струмица (17 часот)