Женскиот одбојкарски клуб Струмица со големи амбиции ќе влезе во новата сезона.
Струмичанка пред некој ден ги почнаа подготовките, а раководството на клубот, заврзано работи на нови засилувања.
Првите две нови две имиња во тимот се македонските репрезентативки Емилија Поп Јордановска и Марија Лазарова.
Капитенот на македонската репрезентација Поп Јордановска настапува на позицијата либеро, додека Лазарова на позицијата среден блокер.
Двете минатата сезона го носеа дресот на шампионот Работнички Скопје.
Во тимот останува и капитенката Мартина Владевска, а има најави и за странски засилувања.
Со формирањето на силен тим Струмица, ќе се втурне во трка за највисок пласман и ќе биде конкурент на Работнички, Јанта Волеј, Наковски Волеј.