Второ рангираниот на АТП листата Новак Ѓоковиќ одигра само еден сет и се пласира во следната рунда на Мастерсот во Синсинати.

Противникот на Ѓоковиќ  шпанскиот тенисер Алехандро Давидовиќ Фокина го предаде мечот , на стартот на вториот сет поради повреда.

Во првиот сет. При водство на Ѓоковиќ со 5:3, Шпанецот побара медицински тајм-аут поради проблем со грбот. Откако се врати на теренот успеа да го врати брејкот, но српскиот тенисер го доби сетот со 6:4.

По вообичаената пауза и по само два одиграни поени во вториот,  Давидович Фокина мораше да се предаде.

Ривал на Ѓоковиќ во осминафиналето ќе му биде Французинот Гаел Монфис, кој го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7:5, 6:4.

Мастерсот во Синсинати се игра за награден фонд од 6,6 милиони долари.