Откако Роберто Манчини се повлече од селекторската позиција на Италија (се шпекулира дека има понуда од Саудиска Арабија да биде селектор), се споменуваат три имиња.
Италијанците чекаат, одговор на прашањето, кој ќе биде негов наследник? Во меѓувреме медиумите од Апенините веќе почнаа да лицитираат со имињата. Фабио Канаваро, Данијеле Де Роси и Џенаро Гатузо.
Иако беа фантастични фудбалери, ниту еден од овие тројца нема тренерски успех, напротив.
Де Роси доби отказ во Ферари (Серија Б), Канаваро учествуваше во испаѓањето на Беневенто од Серија Б во Серија Ц. Џенаро Гатузо можеби покажа најмногу од тројцата, имајќи предвид дека го има освоено Купот со Наполи, но имаше и тоа каква очајна сезона.
Меѓу предлозите на италијанските медиуми се и: Де Зерби, Конте, Спалети, но и Марко Роси или Џани де Бјази…
Италијанците деновиве ќе мора да решат бидејќи веќе за дваесетина дена ги продолжуваат квалификациите за Еуро 2024-та.
Едно е сигурно, дека новиот селектор своето деби ќе го има во Скопје, кога Азурите на 9-ти септември ќе и гостуваат на Македонија.