Машката кошаркарска репрезентација на Македонија од денеска па до 15-ти август, во Талин, Естонија ќе ги игра натпреварите во пред-квалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 година.
На патот кон главните квалификации за Олимпијадата, треба да се минат два турнири.
Пласман во втората рунда во Полска, обезбедуваат двете прво пласирани репрезентации. Само победникот од вториот турнир во Полска, ќе игра во главните квалификации за ОИ.
На отворањето на турнирот во Талин, нашите најдобри кошаркари ќе се сретнат со репрезентацијата на Израел.
Натпреварот е закажан за 18. часот во Арената „Тондираба“ во овој естонски град.
На 13. aвгуст, од во истиот термин, Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на домаќинот на овој собир – Естонија.
По ден пауза, на 15. август (вторник), од 16.часот, „црвено-жолтите“ ќе играат и против репрезентацијата на Чешка.
Во зависност од исходот на натпреварите во овие три кола од турнирот во Талин, Македонија брка едно од првите две позиции кои носат место во полуфиналната фаза.
А таму треба да вкрстиме со најдобрите од групата во Гљивице во која се Полска, БиХ, Унгарија и Португалија.
Натпреварите на македонската сениорска репрезентација на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин (12-15 август) ќе бидат достапни за гледање на целата спортска јавност во нашата земја.
Националната телевизија Канал 5 објави дека ги откупи правата за преноси од главниот град на Естонија.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!